Екипата на Пари Сен Жермен со тешко извојувана победа им се врати на терените по Светското првенство во Катар, откако во последниот денешен натпревар од 16. коло во Лига 1 пред својата публика со минимални 2-1 славеше над тимот на Стразбур.
„Светците“ важеа за големи фаворити за трите бода и се очекуваше рутинско славје. Резултатот долго време се движеше кон таа насока, но на стартот на вториот дел се случија две големи грешки на бразилските асови Маркињос и Нејмар и гостинот се врати во игра.
Нејмар за само две минути заработи два жолти картони (фаул и симулирање), додека неколку минути претходно капитенот Маркињос си постигна автогол за израмнување на резултатот. Во првиот дел токму искусниот дефанзивец со прекрасен удар со глава на асистенција од Нејмар донесе водство за ПСЖ, додека во самата завршница, односно во 95. минута Мбапе од пенал ги постави конечните 2-1.
Во вечерниот термин се одигра уште еден натпревар во француската елита, на кој Лион на гости славеше убедлива победа над Брест од 2-4.