Серхио Роберто е еден од капитените на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, кој прифати да игра за намалена плата. Неговиот договор е до крајот на сезоната и сака да го продолжи. Се согласил на намалување на платата од девет милиони евра на три милиони годишно.
Според него парите кои ги заработува настапувајќи за тимот од „Камп Ноу“ се во втор план. Најголема гордост му била што го носи дресот на Барселона. Тимот од „Камп Ноу“ последниве сезони не е конкурентен во трката за распределба на трофеите, бидејќи се соочува со сериозни финансиски проблеми, па затоа имаше кратење на плати кај дел од фудбалерите. Роберто заедно со капитените Жерард Пике, Серхио Бускетс и Серхи Ромеро беше еден од оние кои прифатија да играат за драстично помали примања.
-Ако кажам колку заработувам ќе се изненадите. Мојата плата е како да сум дошол од младинската школа. Но, за мене гордост е да се игра за во Барселона, парите ми се во втор план, изјави Роберто.
Договорот на Роберто истекува на 30. јуни и засега не води преговори за продолжување на истиот.
-Засега нема преговори за нов договри, но тренерите ми кажа дека се задоволни од мене и сакаат да останам во клубот, истакна фудбалерот на Барселона.