Научнофантастичниот еп „Аватар: Патот на водата“ на Џејмс Камерон досега заработи над 300 милиони долари на киноблагајните во Америка и 700 милиони долари во светски рамки – со вкупна сума од 1 милијарда долари, според „Боксофис гуру“ (Box Office Guru).
Продолжението на „Аватар“ беше премиерно прикажано на 16 декември и беа потребни помалку од две недели за да ја постигне оваа цифра. Со 1 милијарда долари, продолжението е на пат да го постигне истиот успех како и оригиналот од 2009 година.
Оригиналниот филм моментно е филм со најголема заработка на сите времиња. Овој блокбастер досега има инкасирано над 2.9 милијарди долари.
Ова е трет филм на режисерот Камерон кој надмина 1 милијарда долари, што го прави втор режисер со највисока заработка досега, зад Стивен Спилберг.
Тој е, исто така, е прв режисер на кој неговите последни три филма ја преминуваат посакуваната граница од милијарда долари. Освен „Аватар“ и „Аватар: Патот на водата“, „Титаник“ е другиот најуспешен филм на Камерон на сите времиња на киноблагајните, со заработка од 2.2 милијарди долари.
Во Аvatar: The Way of Water глумат Сем Вортингтон (Џејк Сали), Зои Салдана (Нејтири), Сигурни Вивер (Кири), Стивен Ланг, Кејт Винслет, и Мишел Јео.