Во текот на 1960-тите, Нигерија беше во ужасна граѓанска војна. Но,кога фудбалската легенда Пеле дојде со своите соиграчи во посета на Нигерија за да одигра натпревар, двете завојувани страни веднаш се договорија за примирје за да го гледаат мајсторот на фудбалот.
Тој ден покажа дека фудбалот има способност да ги обединува луѓето. Еден фудбалски натпревар го запре еден од најбруталните конфликти на 20 век – Биафранската војна – барем за кратко.
Конфликтот беше меѓу федералната влада на Нигерија и самопрогласената република Биафра. Меѓународната заедница беше немоќна да организира прекин на огнот. И тогаш се појави Пеле.
Имено, во текот на 1969 година, фудбалскиот велемајстор требало да ја посети Нигерија со својот клуб – „Сантос“ и потоа да одигра егзибициски натпревар. Натпреварот беше закажан порано, а од финансиски причини Бразилците не сакаа да го откажат.
Од една страна, „Сантос“ беше толку добар тим во тоа време што добиваа големи суми пари за да патуваат низ светот и да играат со најдобрите локални екипи.
Од друга страна, Пеле беше неприкосновен најдобар фудбалер на светот.
Значи, повеќе од разбирливо е што никој во Нигерија не сакаше да пропушти да ја види легендата на дело, без разлика колку и да беа посветени на војната што се водеше во тоа време.
Веднаш беше потпишано дводневно примирје. На натпреварот присуствуваа војници од двете страни. Нема инциденти. По само 48 часа се вратиле во меѓусебно војување.
Така Пеле, барем два дена, ја прекина војната.