Рајо освои бод благодарение на фантастичниот Димитриевски

Рајо Валјекано на двапати водеше на „Монтиливи“ стадионот кај Џирона, но на крајот освои бод благодарени на извонредниот Столе Димитриевски.

Македонскиот репрезентативец во повеќе наврати имаше добри реакции, но онаа во 88-та минута беше извонредна и успеа да спречи пресврт и трет гол на домаќинот, кој сигурно ќе значеше победа за Џирона.

Гостите од Мадрид на двапати водеа со головите на Камелјо и Палазон, додека Столе на двапати беше совладан со удар од белата точка.

Првиот пенал го изведе Кастелјанос, додека вториот пат успешен реализатор беше Саис во 75-та минута. Завршницата од мечот им припадна на домаќините кои тргнаа по останатите два бода, но такво нешто не дозволи Димитриевски.

Столе го неутрализираше ударот на Стуани и спречи чист гол, а со тоа не дозволи еуфорија меѓу навивачите на Џирона.

Треба да знаете
Последни објави