Почина легендарниот фудбалер, трикратниот светски шампион Пеле, пренесе вечерва „АП”.
Легендата на бразилскиот фудбал Пеле, полно име Едсон Арантес до Насименто, почина попладнево во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло, на 83-годишна возраст. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња имаше големи здравствени проблеми, а состојбата со ракот систематски му се влошуваше пред десетина дена кога повторно беше примен во болница поради компликации на срцето и белите дробови. Тогаш беше најавено дека Божиќ ќе го помине во болница, а на интернет почнаа да кружат видеа од него како се збогува со семејството и пријателите…
Хемотерапијата што ја примал за неговата примарна болест, рак на дебелото црево, која во блиското минато метастазирала на други делови од телото, престанала да дава резултати, па пред еден месец бил префрлен на палијативна нега. Во следните неколку дена неговата состојба како да се подобри, но повторно се појавија проблемите со срцето и бубрезите. Од болницата не сакале веднаш да го префрлат на одделението за интензивна…
Едсон Арантес до Насименто пеле е единствениот фудбалер во историјата кој освоил три Светски првенства (во 1958, 1962, 1970 година). Во текот на кариерата за Бразил одигра 92 натпревари и постигна 77 голови.
Пеле го држеше рекордот по постигнати голови за националниот тим до неодамнешното Светско првенство во Катар, каде Нејмар го повтори достигнувањето.
Она што е особено интересно за овие простори е тоа што тој се прости од репрезентацијата на Бразил со мечот против поранешна Југославија на 18 јули 1971 година.
На овој натпревар присуствуваа повеќе од 100.000 гледачи, а според некои проценки и до 160.000 на легендарната „Маракана“. Цел Бразил плачеше тој 18 јули, особено кога Пеле на 10 минути пред крајот на натпреварот ги крена двете раце и со громогласен аплауз и овации од трибините трчаше низ почесниот круг низ теренот.
Во 2000 година, ФИФА ги прогласи Пеле и Диего Марадона за најдобри фудбалери на 20 век.