Џастин Бибер го продава својот музички каталог за 200 милиони долари

Џастин Бибер е многу блиску до договор за продажба на своите музички права на Hipgnosis Songs Capital за околу 200 милиони долари, потврдија извори за „Вараети“, а веста за која се шпекулира со недели, први ја објавија „Хитс“ и „Волстрит журнал“.

Договорот, за кој изворите велат дека сè уште не е финализиран, ги вклучува интересите на Бибер во неговиот издавачки и снимен музички каталог, кој, наводно, ќе продолжи да биде управуван и во сопственост на „Јуниверзал“ дури и по склучување на договорот.

Веста доаѓа во тежок момент за пејачот, само неколку недели откако тој ги одложи преостанатите настапи од турнејата Justice на неодредено време следната година. Турнејата, која првично требаше да започне во 2020 година, беше одложувана неколку пати, првично поради пандемијата, а неодамна по неговата борба со синдромот Ремзи-Хант, редок вирус кој во неговиот случај предизвика парализа на лицето.

Каталогот на Бибер, иако содржи некои од неговите хитови во последните 15 години, помалку е вреднуван од некои други, како оној на „Џенезис“ и Фил Колинс, кој беше продаден за 300 милиони долари претходно оваа година.

Треба да знаете
Последни објави