Општа тепачка во која севаа тупаници на паркетот во Детроит ги вознемири љубителите на кошарката во најсилната лига на светото НБА. Детроит го совлада Орландо со 120:101, но победата остана во втор план откако настана хаос на теренот. Причина за масовната тепачка беше потегот на Вагнер кој со рамо го удри Хејс.
Мешаницата заврши со исклучување за двајцата, а покрај нив на трибините беа испратени Хамидо Диало и тренерот на домашните Двејн Кејси.