Легенданиот Пеле, кој денеска почина, му напишал отворено писмо на покојниот Диего Марадона, седум дена по смртта на аргентинскиот фудбалски гениј кој почина пред две години на 60-годишна возраст.
Фудбалскиот свет одамна е поделен околу тоа кој од двајцата велемајстори на зелените терени е најдобар на сите времиња, толку што дури и ФИФА се откажа од споредбата и заеднички ги прогласи за најдобри играчи на 20 век.
Пеле во отворено писмо му се обрати на Марадона, но и на остатокот од светот, тврдејќи дека токму Диего е неспоредлив.
– Поминаа седум дена откако не напушти. Многу луѓе сакаа да не споредуваат. Ти беше гениј кој го шармираше светот. Магионичар со топка пред неговите нозе. Но, пред се, за мене секогаш ќе бидеш драг пријател со големо срце. Знам дека светот би бил подобро место ако ги оставиме нашите споредби настрана и се фокусираме да бидеме ценети за она што го направивме на теренот. Затоа, сакам да ти кажам дека си неспоредлив. Твоето патување се засноваше на искреност. На твој уникатен начин не научи дека почесто треба да кажуваме „те сакам“.
Твоето брзо заминување ме спречи лично да ти кажам дека те сакам, па сега ќе ти пишам
„ Те сакам Диего. Драг мој пријателе, ти благодарам за целата наша авантура. Еден ден, во рајот, јас и ти ќе играме заедно. Тоа ќе биде првпат да кревам раце за да прославам победа на терен без да постигнам гол. Тоа ќе биде затоа што повторно ќе можам да те гушнам – напишал Пеле во писмото до Марадона.