Jапонскиот фудбалски селектор Хајиме Моријасу, чија репрезентација на Мундијалот во Катар забележа сензационални победи во групната фаза над Шпанија и Германија пред да биде елиминирана во осминафиналето од Хрватска на пенали, го продолжи договорот. Тој ќе остане на селекторската позиција до Светското првенство 2026, објави Фудбалската федерација на Јапонија (JFA).
Моријасу со тоа стана првиот јапонски тренер во историјата кој го сочувал селекторското место по светско првенство.
„Ова е работа која ме исполнува. Ова е работа која ми дава можност со гордост како Јапонец да се натпреварувам на меѓународната сцена. Затоа ја прифатив понудата од JFA”, посочи Моријасу.
Поранешен јапонски репрезентативец во периодот од 1992 до 1996 година, Моријасу стапи на селекторската должност по завршувањето на Светското првенство 2018 во Русија, на кое беше помошник тренер.