Докторска ординација на северот на Англија по грешка на своите пациенти им испратила порака за галопирачки рак на белите дробови со метастази наместо божиќна и новогодишна честитка, објави денеска британскиот весник „Сан“.
Пациентите во ординацијата во Аскерн, во близина на Донкастер, добија СМС пораки за дијагноза на рак и барање да пополнат формулар, со „Благодарам!“ на крајот од пораката.
Десетина минути подоцна добиле порака: „Претходната порака ви е испратена по грешка“. Нашата порака треба да биде: Ви посакуваме Среќен Божиќ и Среќна Нова Година!“.
Голем број пациенти ја фотографирале погрешната порака и ја објавиле на социјалните мрежи.
Весникот „Сан“ објави дека меѓу пациентите навистина имало и 57-годишник кој го чекал резултатот од анализата за можен рак на белите дробови.
Пациентот Крис Рид изјави за британски таблоид дека по вознемирувачката порака се обидел да ги повика лекарите, но линијата била зафатена.
На крајот отишол во ординација каде лекарите му рекле дека резултатите му се негативни за рак,пренесе Денес.рс.