Фенербахче нема намера да го откупи од Ал Ахли договорот на македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски. Според информациите од Турција, клубот во јануарскиот преоден рок ќе ја раскине позајмицата и ќе го врати Алиоски во Саудиска Арабија.
Тренерот Жорж Жесус им сугерирал на клупските челници да ја раскинат позајмицата на Алиоски, бидејќи сакал да го донесе Дејли Блинд од Ајакс. Минатата недела, Блинд, стана слободен играч, откако Ајакс му ја исполни желбата и го раскина договорот со него.
Алиоски, не разочара во Фенербахче, настапи на 17 натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.