Словенечкиот кошаркарски интеранционалчец Лука Дончиќ продолжува со блескавите партии во најсилната лига на светото – НБА. Нов феноменален скор оствари во подедата на Далас против тексашкиот ривал Хјустон (129:114) и стигнаа до петтиот последователен триумф.
Само два дена по средбата со Њујорк на која оствари трипл-дабл, Дончиќ имаше уште една ноќ за паметење, овојпат запиша 35 поени со 12 скока и 13 асистенции за 34 минути. За него е веќе осми трипл-дабл сезонава и е лидер во таа категорија.
Браун и Тејтум со по 29 поени го одведоа Бостон до триумф над Л.А Клиперс, додека Њујорк загуби кај Сан Антонио иако во своите редови ги имаше расположените Рендл (41) и Квикли (36).
Резултати: Шарлот-Оклахома Сити 121:113, Далас-Хјустон 129:114, Индијана-Кливленд 135:126, Бостон-Л.А Клиперс 116:110, Торонто-Мемфис 106:119, Сан Антонио-Њујорк 122:115