Сè за што само се шпекулираше во последните неколку дена, сега ја доби својота потврда. Кристијано Роналдо (37) потпиша договор со саудискиот прволигаш Ал Наср! Така барем тврди саудискиот медиум Ал Арабија. Засега нема официјални потврди од клубот и од самиот играч.
Потпишана соработка до 2025 година! Легендарниот Португалец во следните две и пол сезони до летото 2025 година ќе биде играч на клубот од Ријад, а во последен момент дојде до голема промена. Имено, Роналдо од 2025 до 2030 година требаше да има посебен договор со Саудискиот фудбалски сојуз, според кој тој ќе биде амбасадор на заедничката кандидатура на СА, Египет и Грција за Светското првенство во 2030 година, но тоа нема да се случи. Во тие пет години, како што е најавено, Роналдо ќе се посвети на кандидатурата на Португалија за тоа натпреварување.
Секако, се уште не се знае дали оваа понуда ќе помине, а ќе се знае на Конгресот на ФИФА за две години, но соработката помеѓу Роналдо и Саудијците можеше да трае долго, долго.
Американската новинска агенција CBS тврди дека официјалната потврда од клубот ќе пристигне утре, сабота по гостувањето кај Ал Кали во 11. коло од лигашкиот шампионат.
Со недели се пишуваше за баснословната бројка, многу медиуми објавија дека Португалецот ќе заработува околу 200 милиони евра по сезона. Сепак, споменатиот CBS, кој се повикува на извори блиски до саудискиот клуб, тврди дека заработката ќе биде значително помала. Според нивните информации Роналдо треба да добива околу 70 милиони евра по сезона.
Cristiano Ronaldo will spend two seasons at Al Nassr. The deal has been verbally agreed and he will travel to Saudi Arabia to sign the contract and do his medical. He won’t stay beyond his contract to help the World Cup bid as Portugal are trying for 2030. https://t.co/dyNYSA6wqu
— Nizaar Kinsella (@NizaarKinsella) December 30, 2022