Легендата на холандскиот фудбал, Марк Овермарс(49) доживеал мозочен удар, поради што бил пренесен во болница, потврди неговиот клуб Антверпен.
„Марк Овермарс, директорот на нашиот клуб, вчера беше примен во болница поради благ мозочен удар. Сега тој е во стабилна состојба, но ќе мора да мирува одреден период“, објави белгискиот клуб.
Овермарс до неодамна ја извршуваше функцијата спортски директор во Ајакс, од каде доби отказ поради испраќање пораки со сексуална конотација на жени вработени во клубот од Амстердам.
Во кариерата како играч забележа 86 настапи за холандската репрезентација, во кои постигна 17 голови.