Никола Миротиќ со чудесна тројка го згасна белградскиот вуклан во денешната евролигашка пресметка на Ц. Звезда и Барселона, откако погоди за да избори продолженија во последната секунда, а во дополнителните пет минути Каталонците славеа со 99-94.
Сепак, за жал на домаќините, се покажа дека клучниот кош на асот на Барселона бил нерегуларен. Како што покажуваат фотографиите, Миротиќ при примањето на топката пред ударот зачекорил во аут, што судиите на натпреварот не го забележале, како и веројатно никој во салата.
Во белградскиот вулкан, Барселона имаше плус 11 после првата четвртина (28-17), но Петрушев кој имаше полувреме за паметење ги врати црвено-белите со серија од 17-0 за водство од 36-34, ама Барса беше таа што на пауза замина со предност од плус три (43-40)
И потоа следеше блесок на Ц. Звезда во третиот период за да влезат со плус осум во последниот четврти (65-57), а на почетокот на последната четвртина дојдоа и до плус 12, но во завршницата се влезе во егал. Стефан Митровиќ промаши едно слободно фрлање за да ја реши Барселона, па следеше чудесната тројка на Миротиќ за продолженија (84-84) и потоа за нијанса Барса беше подобра за да победи и да го запише 11-от триумф покрај пет порази досега, додека црвено-белите се на скор 8-8.
Томас Саторански даде 19 поени со 10 асистенции, а Кори Хигинс погоди 15, додека Миротиќ заврши со 12. Филип Петрушев и Немања Недовиќ беа најефикасни кај Ц. Звезда со по 24 поени, додека Стефан Митровиќ додаде 18.
На другите дуели Алба беше подобра од Асвел (91-79), додека во грчкото дерби Олимпијакос го понижи Панатинаикос на негов терен со 95-71.
Mirotic from DEEP at the buzzer!????????????#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/9nuwbPxgoq
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 30, 2022