Во период на зимската сезона за време на новогодишните и божиќните празници па се до крајот на јануари во хотел Монтана во Крушево се поставени кутии за донации наменети за лекување на 25- годишниот Марко Здравковски на кого му е дијагностициран канцер на хранопровод во четврти стадиум метастазиран и на белите дробови.
Во продолжение повикот за вклучување во хуманитарниот подвиг:
-Почитувани другари, пријатели, познаници, луѓе пред сè благодарни сме што се одваживте да го споделите и раширите апелот и повик на социјалните мрежи за помош и хуманост за нашиот другар Марко Здравковски на кој му е дијагностициран 4 стадиум канцер на хранопровод со метастази на белите дробови! Ги повикувам сите фирми и компании кои се сметаат за општествено одговорни да се одважат и да донираат симболичен дел од својот буџет за лекувањето на Марко Здравковски!
-Ги повикуваме сите владини и невладини организации да се приклучат кон овој подвиг и придонесат со својата хуманост! Воедно ги повикувам сите угостителски објекти да го следат примерот на Хотел Монтана, Блок Кафе, Љубовна Куќичка и многу други, во следниот период околу Божиќните празници додека капацитетите се исполнети во своите локали да постават кутии за донација кои ќе одиграат сериозна улога во помошта и лекувањето на Марче.
Исто така јавен повик до сите спортски организации, клубови, спортски работници, спортисти, навивачки групи да одиграат барем еден натпревар во дресот на Марко и да ги донираат средствата од картите. Барем можеме да се пофалиме дека ние спортистите сме со големо срце. #МЗТСкопје, #Работнички, #Вардар, #Пелистер, #Алкалоид, #Шкупи, #ФемилиАеродром, #СитиПаркБојс, #Комити, #Чкембари ! Да дадеме поддршка пред најважниот и одлучувачки натпревар на Марче! За крај Ви благодарам на сите хумани луѓе кои досега го дадоа својот придонес и помош кон остварување на целта. Можеби како нација сме тешки на договор по било кое прашање, но знам дека како нација во вакви моменти сме сплотени повеќе од било кои други на светот, сме докажале дека можеме, да докажеме и покажеме и сега затоа што Марче заслужува здрав живот и заслужува шанса!!! Денарска сметка за донација • 250500023957049
SPARKASSE BANK
Шифра: 562
А1: 143 485
Телеком: 143 434
#АктивирајСеДонирај