Напаѓачот на Милан и француски фудбалски репрезентативец Оливие Жиру е пред потпишување нов договор со италијанскиот клуб, објави весникот Газета дело Спорт.
Жиру (36) лани за 2.85 милиони евра се пресели од Челзи во Милан, а има договор со италијанскиот клуб до крајот на оваа сезона.
Францускиот репрезентативец за Милан одигра 57 натпревари и постигна 23 голови, минатата сезона му помогна на клубот да ја освои шампионската титула во Серија А.
Според италијанскиот весник, Жиру ќе ја продолжи соработката со Милан до јуни 2024 година.