Клоп сака уште едно засилување, Ливерпул тргнува по Каиседо

Јирген Клоп и Ливерпул први „нападнаа“ во пресрет на јануарскиот преоден рок. Коди Гакпо пристигна на „Енфилд“ во трансфер вреден 42 милиони евра. Младиот Холанѓанец долго време беше на радарот на Манчестер Јунајтед, се веруваше дека Тен Хаг ќе добие засилување од ПСВ, но „црвените“ беа поконкретни.

Англиските медиуми пишуваат дека Клоп сака и квалитетни засилувања во средниот ред.

Енцо Фернандез засега е премногу скап, цената на Аргентинецот надминува 120 милиони евра и се чини дека само Челси е подготвен да одговори на барањата на Бенфика.

Ливерпул затоа се врти кон Каиседо, одличниот Еквадорец од Брајтон.

Покрај Ливерпул, Каиседо го следи и Манчестер Јунајтед, но и Челси.

„Црвените“ котираат како главни фаворити за Еквадорецот, но преговорите со Брајтон ќе бидат тешки. „Галебите“ го вреднуваат околу 70 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави