Младиот норвешки фудбалски интеранционалец Ерлин Халанд ја продолжи голгетерската серија во дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер сити, но овој пат не му обезбеди им триумф на актуелниот шампион. „Граѓаните“, неочекувано на домашен терен не го совладаа Евертон (1:1).
Сега Манчестер сити заостанува четири бода зад Арсенал во трката за одбрана на титулата. Халанд го постигна голот за Сити, негов 21. оваа сезона во Премиер лигата. Евертон, кој во текот на целиот меч беше во подредена положба од единствениот шут кон голот на „граѓаните“ израмни со погодокот на Греј во 64.минута.
На свој терен разочара и Њукасл кој одигра без голови против Лидс. Радост за домаќините денеска донесе само Фулам, кој со 2:1 беше подобар од Саутемптон.
Последниот меч за оваа година ќе се игра на теренот на Брајтон каде ќе гостува лидерот Арсенал.