Брентфорд ја прекина серијата од четири победи во која се наоѓаа фудбалерите на Ливерпул. Брентфорд го победи тимот на Јирген Клоп со 3:1 (2:0).
Брентфорд е еден од најдобрите домаќини оваа сезона во Премиер лигата, тоа го потврдува и фактот дека од стартот на сезоната претрпеа само еден пораз. Вечерва, успеаја да го победата Ливерпул со посед на топка од само 28 отсто.
Да не беше ВАР поразот на Ливерпул ќе беше изразен и со повеќе голови разлика.
Ливерпул против Брентфорд потфрлија во одбраната, особено по корнерите. Авто-гол си постигна Конате, а потоа ВАР, им поништи два гола на домашните фудбалери, пред Виса да зголеми на 2:0.
До два гола предност во првиот дел Брентфорд дојдоа со само 60 додавања и посед на топка од 25 отсто.
На полувремето Јирген Клоп во соблекувалната го остави капитенот Ван Дајк, по чија страна паднаа двата гола.
На стартот од вториот дел Окслејд-Чембрлен го намали резултатот. Следуваше силен притисок на Ливерпул во нареднте 10 минути, но без конкретна шанса за гол.
Точка на големата победа на Бретнфорд стави Мбуемо во 84.минута.
Ливерпул по петтиот пораз во сезоната остана на шестото место со 28 поени, два повеќе од Брентфорд кој се наоѓа на седмата позиција.
Во наредното коло Брентфорд ќе го пречека Борнмут, а Ливерпул ќе гостува во Брајтон.