СДСМ: Македонија официјално го започнува претседавањето со ОБСЕ

Од први јануари нашата држава и официјално го презеде претседавањето со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во која членуваат 57 земји меѓу кои се и САД и Русија.
Ова е еден од најголемите успеси на македонската димпломатија.
Во 2023 година кога светот се уште е во деликатен период поради агресијата врз Украина, токму нашата, македонска држава ќе има важна улога во зачувување на светскиот мир и стабилност.
Ако до пред неколку години, стоевме надвор и чекавме одлуки за нашата иднина, денес, седиме на главните маси на најголемите светски организации и сами решаваме не само за нашата, туку и за светската иднина.
Благодарение на димпломатските победи на владите предводени од СДСМ, денес сме почитувана држава, пријател и партнер на демократскиот свет.

 

Треба да знаете
Последни објави