Новата година започна лошо за актерот Џереми Ренер (51), најпознат по улогата во серијата на Марвел „Hawkeye“, но и по улогата во акциониот хит „The Bourne Legacy“.
Имено, тој на 1 јануари доживеал несреќа додека чистел снег пред куќата, по што итно бил пренесен во болница. Неговиот портпарол изјави дека актерот е во „критична, но стабилна состојба откако се здобил со сериозни повреди во несреќа поврзана со временските услови додека чистел снег“.
Американските медиуми пишуваат и дека Ренер бил пренесен во болница со хеликоптер, а неговиот портпарол изјавил дека семејството во моментов е со него и дека ја добива најдобрата можна нега. Точната локација на несреќата не е потврдена, но според Reno Gazette-Journal, актерот има дом во округот Вашо, Невада.
Токму таа област беше погодена од силна зимска бура на новогодишната ноќ која остави без струја 35.000 домови во окрузите Вашо, Карсон, Даглас, Стори и Лион.
На 13 декември, актерот на својот Твитер објави фотографија од автомобил целосно покриен со снег, кој е создаден во областа каде што има куќа.
– Снежното невреме овде не е шега – напиша актерот во објавата.
Ренер има две номинации за Оскар. Во категоријата најдобар актер за престижната златна статуетка, тој беше номиниран во 2010 година за филмот „The Hurt Locker“, а следната година беше номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога за неговата улога во филмот „The Town“.
Ренер глумеше во неколку проекти на Марвел и во бројни блокбастери, вклучувајќи два филма од серијата „Мисија: Невозможна“, „Пристигнување“, „Американски измамници“ и „28 недели подоцна“.
Тој моментно глуми во трилер серијата на Тејлор Шеридан „Градоначалник на Кингстаун“, чија втора сезона дебитира овој месец.
Lake Tahoe snowfall is no joke #WinterWonderland pic.twitter.com/6LBG9DsLAU
— Jeremy Renner (@JeremyRenner) December 12, 2022