Никола Јокиќ одигра извонреден меч за Денвер, предводејќи го својот тим до убедлив триумф над Бостон селтикс од 123-111. Српскиот центар стигна до трипл-дабл од 30 поени, 12 скокови и 12 асистенции, а уште поимпресивно делува фактот дека Јокиќ во текот на целиот меч промаши само три шута од поле (10/13), а немаше и ниту една загубена топка.
Интересно, ова е трет пат во историјата на НБА еден играч да стигне до трипл-дабл со вкупен процент од над 90% (вклучувајќи ги и слободните фрлања), а и во претходните две ситуации тоа му пошло од рака токму на Јокиќ.
Денвер со оваа победа остана на врвот на табелата во Западната коференција, а покрај Јокиќ значаен придонес дадоа и Браун со 21 и Портер со 19 поени.
Средбата пред крајот беше прекината на скоро 40 минути, откако гостинскиoт кошаркар Вилијамс го искриви обрачот, па требаше време да се доведе во ред.
За Јокиќ ова беше деветти трипл-дабл сезонава, со што повторно е меѓу кандидатите за МВП, што би било трето по ред вакво признание за него. Последен кој сторил такво нешто е Лери Бирд во периодот од 1984 до 1986 година.
Robert Williams entortou o cesto com um afundanço e o jogo esteve parado cerca de 30 (!) minutos até o cesto voltar a estar nivelado ????pic.twitter.com/Xisvd5u4lv
— B24 Dunk (@B24Dunk) January 2, 2023
Мемфис остана на второто место во западот по победата од 118-108 над Сакраменто. Џа Морант повторно беше предводник на „гризлите“ со 35 поени и пет асистенции.
Милвоки неочекувано лесно и убедливо загуби на домашен терен од Вашингтон со дури 23 поени разлика (95-118). Адетокумбо не беше во составот на домаќините, што Вашингтон го искористи за да стигне до убедлива победа предводен од Хачимура (26 поени) и од Порзингис (22 поени).
Резултати НБА:
Денвер – Бостон 123-111, Мемфис – Сакраменто 118-108, Милвоки – Вашингтон 95-118.