Анчелоти се надева дека Крос нема да се пензионира

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти верува дека Тони Крос нема да одлучи да се пензионира на крајот од сезоната.

Добивај вести на вибер
Германецот претходно, во неколку наврати, изјави дека не планира долго да игра фудбал, без разлика на неговата возраст и тоа што би можел да игра уште неколку сезони.

Тој го извести раководството на Реал дека се уште ја разгледува понудата за нов договор. Актуелниот договор на Крос му истекува на крајот од сезоната.

„Крос беше сосема јасен. Следниот месец ќе донесе одлука и ние го почитуваме тоа. Како навивач мислам дека е невозможно да се пензионира. Се надевам дека ќе продолжи да игра”, изјави Анчелоти.

Крос ќе наполни 33 години на 4. јануари. , задутре.

Треба да знаете
Последни објави