Жестоки напади на Киев со беспилотни летала

Русија е насочена кон клучната украинска инфраструктура во серијата напади со беспилотни летала врз Киев и околниот регион, соопштија денеска украинските власти.

„Во регионот и во главниот град е бучно: напади со беспилотни летала ноќе“, рече гувернерот на регионот Киев, Олексиј Кулеба на Телеграм.

„Русите започнаа серија напади со дронови „шахид“ (од иранско производство). Тие се насочени кон клучните инфраструктурни објекти. Противвоздушната одбрана работи“, додаде тој.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека во експлозија во областа Киев е повреден млад човек (19) и дека сите служби се на терен.

Кличко преку Телеграм изјави дека младиот човек бил пренесен во болница откако остатоци од дронот паднале на патот во областа Десњански на североистокот на Киев и оштетиле блиска зграда.

Украинските системи за противвоздушна одбрана соборија 16 воздушни објекти над Киев во раните утрински часови на вториот ден од новата година, соопшти градската воена управа.

Треба да знаете
Последни објави