Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Мартина Навратилова (66) откри дека и бил откриен рак на дојката и грлото. За среќа канцерот е откриен во рана фаза и прогнозите за Навратилова се охрабрувачки.
„Ова е двоен удар и ситуацијата е навистина сериозна. Сепак, сè уште може да се поправи и се надевам на поволен исход. Ќе се борам со се што имам“, изјави Навратилова.
„Прогнозата е добра и Мартина ќе започне со лекување овој месец. Станува збор за рак од типот на ХПВ, а за тој тип на рак постојат ефективни методи за лекување“, објавија претставници на познатата тенисерка.
„Мартина забележа задебелен лимфен јазол на вратот за време на финалето на ВТА во Форт Ворт. Бидејќи отокот не помина, таа беше подложена на биопсија, а наодите покажаа почетна фаза на рак на грлото. За време на дијагностичките процедури, лекарите исто така забележале сомнителен израсток на вратот.во дојката, при што се покажало дека се работи и за рак кој не е поврзан со оној во грлото“, се наведува во соопштението.
Навратилова во својата кариера освои 18 Грен слем во сингл, девет од нив на Вимблдони.