На едната страна од теренот ќе се најдат 20 ветерани предводени од Илија Темелковски и Звонко Шундовски, додека за противници ќе ги имаат избраниците на селекторот Кирил Лазаров, кои се подготвуваат за претстојното СП 2023 во Полска и Шведска.
Покрај натпреварот, ќе има и „трето полувреме“, музички настан кој ќе придонесе за побогата претстава на настанот, кој има и уште една цел. Средствата собрани од продадените билети ќе бидат донирани на СОС „Детско село“.