(Видео) Мичел постигна 71 кош за Кливленд !

Изминатата вечер во кошаркарската НБА – лига ја обележи Донован Мичел кој за Кливленд во мечот против Чикаго постигна 71 поен. Кливленд успеа да анулира негатива  од 21 поен и во меч со едно продолжение и да го победи Чикаго Булс со 145:134. Мичел одигра неверојатна партија, својата најдобра во досегашната кариера. Во овој милениум тоа се најмногу постигнати кошеви на еден меч по Коби Брајант кој во 2006 постигна 81 поен.

Со постигнати 71 поен, Мичел стана рекорден во Кливленд, ниту еден нивни играч во историјата не успеал да постигне толку поени на еден меч. Претходно најмногу поени имаа Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг по 57.
Само тројца кошаркари во историјата на НБА имаат постигнувано повеќе од 71 поен. Тоа се Вилт Чембрлејн, Коби Брајант и Дејвид Томпсон. Прв е Вилт Чембрлејн (100 поени), следува Коби Брајант (81), па повторно Вилт Чембрлејн (78), Дејвид Томпсон (73), Вилт Чембрлејн (двапати по 73), Вилт Чембрлејн (72). Мичел се изедначи со Дејвид Робинсон и Елџин Бајлор кои исто така имаат по 71.
Резултати: Њујорк – Феникс 102:83, Шарлот – ЛА Лејкерс 115:121, Кливленд – Чикаго 145:134,
Индијана – Торонто 122:114,  Филаделфија – Њу Орлеанс 120:111, Бруклин – Сан Антонио 139:103, Хјустон – Далас 106:111, Минесота – Денвер 124:111, Голден стејт – Атланта 143:141,
Портланд – Детроит 135:106,  ЛА Клиперс – Мајами 100:110.
Треба да знаете
Последни објави