Зеленчукот содржи различни хранливи материи кои се добри за здравјето. Новата студија објавена во Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics вели дека зеленчукот освен физичкото здравје може да го подобри и менталното здравје.
Зеленчукот содржи цинк, магнезиум, фолна киселина и железо кои се клучни за правилно функционирање на мозокот. Исто така содржи и антиоксиданти кои го штитат телото од оксидативен стрес кој е поврзан со депресија и мачнина.
Во новата студија истражувачите сакале да видат дали зеленчукот влијае на менталното здравје. Учествувале 75 луѓе на возраст меѓу 18 и 65 години кои јаделе малку зеленчук. Во текот на 8 недели јаделе свеж или смрзнат зеленчук поделен во 2 до 4 порции дневно. Тие сами го бирале зеленчукот.
Резултатите потврдуваат дека разновидната исхрана богата со зеленчук има позитивно влијание на целиот организам.
Зошто зеленчукот поттикнува среќа?
Витамините и фитохемикалиите во зеленчукот содржат антиоксидативни и противвоспалителни својства кои имаат позитивно влијание на здравјето. Но, потребни се повеќе истражувања за да се утврди ова.