Принцот Хари нема да се врати во кралското семејство

Британскиот принц Хари ја промовира својата книга „Резерва“, која излегува на 10 јануари оваа година. Во мемоарите, се осврнува на своето воспитување и животот во кралското семејство, а по повод објавувањето на автобиографијата даде неколку интервјуа кои ќе бидат прикажани неделава.

Во исечок од интервјуто за „Си-би-ес“, Андерсон Купер го прашува дали во иднина се гледа себеси како член на кралското семејство, а Хари брзо одговори: не.

 

Mемоарите се очекува да го опишат јазот помеѓу 38-годишниот Хари и неговиот 40-годишен брат Вилијам, принцот од Велс.

Ова доаѓа откако војводата од Сасекс во својот документарец за „Нетфликс“ откри дека брат му Вилијам го прекршил ветувањето дека никогаш нема да објавува приказни или да зборува против него откако бил сведок на последиците од таквите постапки во канцеларијата на нивниот татко.

Според британскиот таблоид „Сан“, Хари веќе снимил телевизиско интервју за својата биографија. Интервјуто го водел Том Бредби за програмата News at Ten на британската телевизија „Ај-ти-ви“.

Бредби, поранешен кралски дописник за „Ај-ти-ви“ и пријател на семејството на Хари, и претходно ги интервјуираше додека снимаше документарен филм за нивната турнеја низ Африка во 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави