Селекторот Кире Лазаров се соочува со првиот проблем со повреда на ракометар во пресрет на СП 2023, откако нашиот најдобар ракометар во моментов, Филип Талески, се пожалил на повреда и ќе мора да мирува неколку дена.
Левиот бек на Вардар поради тоа нема да се појави на теренот на денешниот натпревар против ветераните од македонскиот национален тим, а најверојатно и нема да отпатува со остатокот од селекцијата на турнирот во Хрватска, каде на 6 и 7 јануари нашата А селекција ќе се сретне со репрезентациите на Хрватска и на Израел.
Првичните прогнози не се премногу загрижувачки и препорачано е само мирување од неколку дена, по што Талески би требало да се приклучи на националниот тим на последните тренинзи и потоа да биде „фит“ за премиерата на СП во Краков, против Норвешка на 13 јануари.