Рен остана без најдобриот стрелец до крајот на сезоната

Францускиот прволигаш Рен остана без најдобриот напаѓач Мартин Рение до крајот на сезоната. Тој ги скина лигаментите на коленото и го очекува долга пауза.

Терие вресна од болка откако падна на земја по еден дуел и веднаш покажа дека се работи за коленото. Деталните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за кинење на вкрстените лигаменти на коленото, но и за оштетување на менискусот, а тоа значи и пауза од најмалку осум месеци.

„Невозможно е да го замениме Терие во овој преоден рок, бидејќи едноставно нема достапни играчи со неговите квалитети. Можеби ќе мораме да ја менуваме формацијата на игра, а играчи како Доку, Дуе и Сулемана ќе добијат поголема одговорност“, изјави тренерот на Рен, Бруно Женесио.

Мартин Терие постигна 12 гола оваа сезона во дресот на Рен.

Треба да знаете
Последни објави