Манчестер Јунајтед оствари сигурна победа (3:0) на домашен терен против Борнмут и се израмни бодовно со третопласираниот тим Њукасл на табелата во Премиерлигата. Тимот на Ерик тен Хаг покажа квалитет и заслужено ги освои трите бода.
Касемиро донесе предност за „ѓаволите“ со голот во 23.минута. На почетокот на вториот дел Лук Шо зголеми на 2:0, а третиот гол беше дело на Маркус Рашфорд.