Масимо Савиќ е погребан денеска во 11 часот на градските гробишта Задар.
На гробиштата пристигнаа бројни пријатели и обожаватели кои сакаа да се простат од починатиот пејач, а пристигнаа и бројни букети цвеќе и венци со проштални пораки.
Меѓу првите што пристигнаа на гробиштата беа Рада Бориќ и Марина Томашевиќ, а потоа Џулијано, Џибони и семејството Хуљиќ. Сите тие се запишаа во книгата на жалост.
Комеморацијата се одржа на 30 декември во Хрватскиот народен театар во Загреб, каде од музичарот се простија бројни пријатели и колеги.
Да потсетиме, Масимо почина на 23 декември, а веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја споделија неговата сопруга Ени и ќерката Мирна.
„По кратка, но херојска борба не напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, засекогаш ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Секогаш ќе бидеме твои девојки. Ани и Мирна“, напишаа во објавата.
Ќерката Мирна на последното збогување на нејзиниот татко дојде во придружба на нејзиниот вереник Игор Павловиќ. Мирна и Игор планирале венчавка на крајот на декември, но смртта на Масимо ја одложила.
На последното збогување на музичарите се отсвирело Моцартовиот Реквием.
Масимо почина од рак на белите дробови. Неговата желба била да биде кремиран.