Леонардо ди Каприо продолжи да се забавува на брегот на Сент Бартс во понеделникот, по празничниот викенд. Оскаровецот (48) е „уловен“ на луксузна јахта во друштво на неколку девојки во бикини.
Фотографии од забавата на сонце се најдоа на насловните страници на таблоидите со коментар дека тој е среде романса со Викторија Ламас, која не беше забележана на јахтата.
На Ди Каприо му се придружија неколку убавици, меѓу кои и Медисон Хедрик, свршеницата на Џо Нахмад.
Таму беше и неговиот близок пријател Тоби Мегваер.
Таблоидите потсетуваат дека од неодамна Ди Каприо е во врска со ќерката на актерот Лоренцо Ламас, Викторија Ламас (23).