Френк Лампард ќе се замине од тренерската позиција кај англискиот фудбалски премиерлигаш Евертон. Четириесет и четиригодишниот англиски тренер е пред отказ, откако Евертон вчеравечер загуби со 4:1 од Брајтон во премиерлигашки меч на домашен терен, информира „talkSPORT”.
Евертон нема победа во последните седум натпревари во сите натпреварувања, Загуби пет пати, а два пати одигра нерешно. Последен пат „карамелите” победија на 22 октомври против „Кристал Палас” (3:0).
Тимот моментално е на 16. место во табелата во Премиер лигата со 15 бодови од 18 натпревари.
Лампард го презеде Евертон во јануари 2022 година.