Поради ефикасната партија на Мичел целиот тим на Кливленд завршил на допинг контрола

Играчот на Кливленд, Донован Мичел направи ретко виден подвиг во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, постигнувајќи 71 поен на мечот против Чикако булс, кој неговиот тим го доби со 145:134 (по продолжение). Ваквата ефикасност на Мичел беше неверодостојна за официјалните лица кои се посемневаа дека потфатот е постигнат со употреба на недозволиви средста, па само еден ден по мечот целиот тим на Кливленд бил подолжен на допинг контрола.

Сите кошаркари на НБА тимот Кливленд добија наредба да направат допинг тест по импресивниот настап на соиграчот Мичел. Во НБА се прават допинг-тестови по одредени мечеви по случаен избор. Но, тестот на целиот тим на Кавс по споменатиот подвиг на Мичел, изгледа не е случаен, коментираат повеќе медиуми.

Претходно повеќе од 70 поени на еден меч во историјата на НБА поени постигнале само шестмина. Тоа се Вилт Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Томпсон, Елгин Бејлор, Дејвид Робинсон и Девин Букер.

Треба да знаете
Последни објави