Поранешниот астронаут Волтер Канингем, кој полета во вселената со Аполо 7 во 1968 година како дел од првата мисија Аполо со екипаж што го отвори патот за шест слетувања на Месечината во следните години, почина во вторникот на 90-годишна возраст, објави НАСА.
Канингем им се придружи на членовите на екипажот Валтер Шири и Дон Ајзел во успешна 11-дневна мисија во ниската орбита на Земјата како прв човечки пробен лет на новото вселенско летало Аполо, кое подоцна ќе патува на Месечината.
Аполо 7 го означи продолжувањето на програмата за вселенски летови на НАСА 21 месец по пожарот во кој загинаа сите тројца членови на екипажот на Аполо 1 за време на пробното лансирање на Земјата кон крајот на јануари 1967 година.
Канингам служел во американската морнарица и маринци и летал 54 мисии како борбен пилот. Тој беше избран за астронаут во 1963 година, објави вселенската агенција.
„Волт Канингем беше борбен пилот, физичар и претприемач – но, пред сè, тој беше истражувач“, се вели во соопштението на НАСА во кое ја објави неговата смрт,пренесе Индекс.хр.
Today we mourn the passing of Walt Cunningham: U.S. Marine, patriot, and Apollo astronaut.
Cunningham spent 11 days in low-Earth orbit during Apollo 7, the first crewed Apollo flight, and was instrumental to our Moon landing’s program success: https://t.co/VrXhOwQwYd pic.twitter.com/8uquEjdxM7
— NASA (@NASA) January 3, 2023