Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина доби нов селектор. Фарук Хаџибегиќ ја презеде функцијата од бугарскиот тренер, Ивајло Петев. На денешниот состанок на Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз БиХ го потврди изборот на Хаџибегиќ.
Хаџибегиќ претходно веќе беше на клупата на репрезентација на БиХ, а последната работа како селектор му беше во репрезентацијата на Црна Гора.
Неговиот последен ангажман беше во август, кога накратко беше тренер на алжирскиот клуб Алжер, со кој заврши на суд и според тамошните медиуми, бара цифра од 100.000 евра.
Првиот мандат на клупата на репрезентацијата на БиХ го имаше од март до октомври 1999 година со две победи, две нерешени и три порази.
Во тренерската кариера која трае повеќе од две децении, меѓу другите ги водеше Бетис, Троа, Дижон, Валенсиен, Газиантепспор…
Квалификации за ЕП 2024. Хаџибегиќ и неговите помошници многу веројатно ќе стартуваат без пријателски натпревар.