Капитенот на новиот светски фудбалски првак Аргентина, Лионел Меси се врати во Париз и денеска го одработи првиот тренинг со својот клуб ПСЖ, по Мундијалот. Утрово аргентинската ѕвезда пристигна во базата на ПСЖ после 50-дневна пауза поради настапот на Мундијалот во Катар.
Меси беше срдечно пречекан од своите соиграчи кои му честитаа на освоената титула со репрезентацијата на „гаучосите“. Потоа целиот стручен штаб и фудбалерите направија шпалир за одличниот Аргентинец.
Une ???????????????? ????’???????????????????????????? pour notre champion du monde ! ????❤️????#BravoLeo pic.twitter.com/xsRHdfVbQS
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) January 4, 2023