Популарниот фудбалски магазин „FourFourTwo“, објави листа на најдобрите фудбалери на сите времиња. Списокот привлече големо внимание кај фудбалските фанови кои како и многу пати досега се расправаат на социјалните мрежи.
Во фудбалот секогаш ќе има дебати за тоа кој е најдобар во историјата, а оваа тема е уште поактуелна деновиве, откако Лионел Меси со Аргентина стана светски првак.
Токму затоа многумина веруваат дека Аргентинецот си го обезбедил тој статус.
Досега главно се разговараше дали е подобар Диего Марадона или Пеле, а во последните десет години во приказната се вклучија и Меси и Кристијано Роналдо.
Откако Меси ја предводеше Аргентина до третата титула на Светското првенство во Катар, прва по 1986 година и Диего Марадона, популарниот портал го стави на првото место.
Пред неговиот сонародник Марадона, додека на третото место е Роналдо, пред неодамна починатиот Пеле.
Во првите пет е и Зинедин Зидан, на шестото место е Јохан Кројф, а зад него се Џорџ Бест, Франц Бекенбауер, Ференц Пушкаш и Бразилецот Роналдо.