Шпанскиот спортски суд (ТАД) ја потврди казната од три натпревари неиграње во фудбалската Ла Лига за напаѓачот на Барселона, Роберто Левандовски. Полскиот интернационалец Левандовски беше казнет со три натпревари неиграње по добиениот црвен картон против Осасува одигран на 8 ноември минатата година. Барселона се жалеше на ваквата одлука одлуката и додека се разгледуваше жалбата, полскиот напаѓач можеше да настапи на дербито против Еспањол во саботата.
Левандовски нема да игра на мечевите од шпанската лига, а ќе може да настапува во Суперкупот против Реал Бетис на 12 јануари. Во Ла Лига, пак, Левандовски ќе се појави во тимот на Барселона дури во февруари.
Ќе го пропушти гостувањето кај Атлетико Мадрид (8 јануари), домашниот меч против Хетафе (22 јануари) и гостувањето кај Џирона (29 јануари). Левандовски е прв стрелец на Ла Лига со 13 гола, а по осум постигнаа Борха Иглесијас (Бетис), Хоселу (Еспањол) и Ведат Муриќи (Мајорка).