Раководството на шпанскиот првак Реал Мадрид планира да ги стави на трансфер листата Еден Азар, Марко Асенсио, Маријано Дијаз, Дани Себаљос и Алваро Одриозола за да ослободи простор во буџетот за плати на фудбалерите, пренесуваат шпанските медиуми.
Според истите извори, Реал ќе чека соодветни понуди од заинтересирани клубови, но притоа е подготвен да им дозволи на овие петмина фудбалери дури и бесплатно да ја напуштат екипата по истекот на договорите.
„На клубот му е важно само да ослободи простор во буџетот за плати, наведуваат медиуми.
Реал, притоа, ќе настојува да донесе засилување во нападот, бидејќи водечкиот стрелец и освојувач на „Златната топка” за минатата сезона Карим Бензема има доста проблеми со повреди.
Шпанските медиуми наведуваат дека Реал е заинтересиран за услугите на Аргентинецот Лаутаро Мартинез, но Интер за него бара 80 милиони евра.