Ѓоковиќ со мака стаса до четвртфиналето во Аделаида

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на турнирот во Аделаида, откако по два сета со 7-6/3, 7-6/5 го совлада 64. светски играч, Французинот Квентин Халис.

Петтиот тенисер во светот Ѓоковиќ  победи по неполни два часа игра. Халис одлично го започна мечот и поведе со 5-2, а Ѓоковиќ успеа да се врати во деветтиот гем и да намали на 4-5. Потоа тенисерите добија гемови на свои сервиси и следеше тај-брејк кој Ѓоковиќ го доби со 7-3.

Во вториот сет се играше максимално израмнето, никој не загуби на свој сервис. При водство од 5-4, Ѓоковиќ пропушти две меч топки за порано да го реши дуелот. И овој сет дојде до тајбрејк, Србинот беше подобар со 7-5.
Новак во четвртфиналето ќе игра против 18-от тенисер во светот, Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој со 6-4, 6-3 го совлада Русинот Роман Сафиулин. На седум меча против Шаповалов, Ѓоковиќ нема пораз.
Треба да знаете
Последни објави