Ѕвездите на филмот оскаровeц „Ромео и Јулија“ од 1968 година го тужат „Парамаунт пикчрс“ за сексуална злоупотреба поради голата сцена во која се појавуваат. Леонард Вајтинг и Оливија Хаси биле тинејџери кога го снимиле филмот. Во новиот правен спор, британските актери, сега во своите 70-ти, тврдат дека режисерот Франко Зефирели ги охрабрил да направат голи сцени и покрај претходните уверувања дека нема да мораат.
„Парамаунт“ сè уште јавно не одговорил на тврдењето.
Актерите бараат отштета од над 500 милиони долари, врз основа на емотивната болка што тие велат дека ја претрпеле и приходите што ги донел филмот од неговото прикажување.
Тие тврдат дека Зефирели, кој почина во 2019 година, првично им рекол дека ќе носат долна облека во месо боја за сцената во спалната соба.
Но, утрото на снимањето, тие тврдат дека режисерот им рекол дека ќе имаат само шминка на телото, и ги уверувал дека камерата ќе биде поставена да не покажува голотија.
Во филмот, во текот на сцената во спалната, накусо беше прикажани голиот задник на Вајтинг и голите гради на Хаси.
Вајтинг тогаш имал 16 години и сега има 72 години, а Хаси, која имала 15 години кога се снимал филмот, сега е 71-годишна.
Тие го тужат „Парамаунт“ за сексуална злоупотреба, сексуално вознемирување и измама.
Тужбата го товари холивудското студио за сексуално искористување на двајцата млади актери и дистрибуција на голи слики на адолесцентни деца.