Холандскиот фудбалски репрезентативец Дејли Блинд (32) ќе настапува до крајот на оваа сезона во редовите на германскиот првак Баерн Минхен, тврди добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.
Блинд неодамна го раскина договорот со Ајакс и во следните шест месеци ќе биде член на минхенски Баерн.
Според италијанскиот новинар, претставници на Блинд и на Баерн ги договориле условите за соработка, а договорот ќе биде потпишан откако холандскиот репрезентативец ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи.
Паралелно со ова, германнските медиуми објавија дека Баерн во јануарскиот преоден рок ќе се засили и со швајцарскиот голман од Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер, а за идното лето е договорен и трансфер од Лајпциг на Конрад Лаимер, кој во бундеслигашот од Минхен ќе дојде без обесштетување.