Фудбалскиот клуб Баерн Минхен објави дека неговиот марокански дефанзивец Нусаир Мазрауи бил позитивен на коронавирус за време на Светското првенство во Катар и дека подоцна му било откриено дека има оток околу срцето.
Баерн го остави Мазрауи надвор од тимот кој отпатува за Катар на зимски припреми пред продолжувањето на сезоната во Бундеслигата на 20 јануари, наведувајќи го воспалението.
Клубот објави дека Мазрауи бил позитивен на тестот за Ковид-19 додека бил на Светското првенство на почетокот на декември и дека тоа е причината што тој не играл во четврт-финалето кога Мароко ја победи Португалија. Неговото отсуство тогаш беше припишано на „неодредена болест“.
Мазрауи потоа го одигра првото полувреме од полуфиналето против Франција, откако Мароко стана првата африканска и арапска репрезентација која стигна до најдобрите четири на Светското првенство. Мазрауи не играше на натпреварот за третото место против Хрватска.
Баерн изјави дека прегледот во Минхен по турнирот открил „благо воспаление“ и дека Мазрауи „засега не е достапен за натпревари“. Овој тип на воспаление е позната компликација на инфекција со коронавирус.