Алкараз поради повреда го пропушта Австралија Опен

Прворангираниот светски тенисер, Карлос Алкараз, соопшти дека нема да игра на претстојниот Австралија Опен кој е првиот Грен Слем турнир во новата сезона.

Шпанецот соопшти дека причината за такво нешто е повреда.

„Баш кога бев на врвот на формата за време на полусезоната, доживеав повреда на тренинг и тоа поради неприродно движење. Се работи за мускулот на десната нога. Напорно се подготвував за Австралија Опен, но, за жал, нема да може да играм“, кажа Алкараз.

Главен фаворит за титулата на овој Грен Слем турнир е Новак Ѓоковиќ.

Треба да знаете
Последни објави