(Видео) Фудбалер на Марсеј со кунг фу удар го испрати противникот во болница

Денешната средба меѓу Олимпик од Марсеј и Ере беше одбележана со хорор сцени. Четирилигашот беше домаќин на тим од врвот на францускиот шампионат во куп натпревар, а за гостите стартуваше поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи, но во 15. минута тој доби директен црвен картон.

Баили со „кунг фу“ удар, иако ненамерно, го удри Муса Ндијаџо во градите, кој веднаш морал да оди во болница.

Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска беше шест години на „Олд Трафорд“, но летово се пресели во Марсеј на позајмица која трае до крајот на сезоната.
Тој не се прослави како играч на Јунајтед, главно беше во втор план, додека во Марсеј веќе забележа 11 настапи, од кои шест во Лига 1 и пет во Лигата на шампионите.

Инаку, Марсеј и покрај тоа што играше со играч помалку, победи со 2:0, а стрелци беа Алексис Санчез од пенал во 45 и Диенг во 70 минута.

Марсеј и Лион ја оправдаа улогата на фаворити на денешните куп-натпревари, но шокот го предизвика Монако кој на свој терен неочекувано по пенали беше елиминиран од нисколигашот Родез.

Треба да знаете
Последни објави